Чувари и доктор од затвор во Србија се уапсени за смрт на затвореник

Од:

Во врска со смртта на С.Б.(74) кој почина на 4 февруари годинава денеска се уапсени четворица чувари и лекар во затворот во Падинска скела, потврди за „Блиц“ главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ.

Тие беа уапсени од полицијата по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Јавното обвинителство во Белград во соработка со Управата за извршување на кривични санкции на Министерството за правда на Србија поради сомнение дека сториле кривично дело несовесно работење во службата, прецизира Ненад Стефановиќ.

Тој додаде дека на осомничените им е одреден притвор до 48 часа и за тоа време ќе бидат сослушани.

Потсетуваме, Вишото јавно обвинителство во Белград веќе води истрага против тројца осомничени, кои делеле затворска ќелија со Станимир Брајковиќ бидејќи во неколку наврати го тепале и малтретирале, поради што тој починал.

Тие се товарат за тешко убиство.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор