Човек со прекар Исус „воскресна“ во Војводина – го закопаа, ама се појави жив

Од:

Невообичаен случај, каков што најчесто има само на филм, ги вознемири жителите на српскиот град Сремски Карловци и особено семејството Станков – жител на градот, за кој најблиските верувале дека е мртов, се појавил жив само еден ден откако му правеле погреб, пишуваат српските медиуми.

Според пишувањата на локалните медиуми, 56-годишниот човек по име Саша Станков, кој за да бидат работите уште почудни, имал прекар Исус поради долгата брада, не бил во добри односи со семејството и живеел во Нови Сад, а минатата недела на неговите роднини им било кажано дека тој починал.

Телото било испратено во неговото родно место во запечатен лимен сандак, па не можело да се потврди дека тоа е членот на нивното семејство. Закопот бил извршен во петокот, а на крстот било напишано името на Станков.

Но, само ден подоцна, до членовите на семејството стигнала неверојатна информација од пријателка на Саша: нивниот роднина бил виден во Нови Сад, жив и здрав. Набргу била откриена забуната – во гробот со името на „воскреснатиот“ лежел негов починат сограѓанин, кој исто така се викал Саша и според семејството, дури и физички наликувал на Станков. Проблемот веројатно настанал на релација меѓу локалните полицајци, кои усно им потврдиле на роднините дека починал Саша Станков, без да ги извршат потребните проверки и Јавното комунално претпријатие од Сремски Карловци, кое е одговорно за гробиштата и погребувањето.

„Воскреснатиот“ човек повеќе од една година живеел во Нови Сад и неговото семејство немало никаков контакт со него. Кога го нашле, тој бил одведен во полициската управа на Нови Сад, каде е фотографиран и земени му се отпечатоци од прстите.

Во ноќта меѓу саботата и неделата е извршена ексхумација и телото на погрешниот покојник е извадено од семејната гробница на Станкови. Од семејството велат дека сѐ уште не добиле официјална верзија од надлежните за тоа како дошло до забуна од толкави размери.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ