Некогашната југословенска кошаркарска репрезентативка и членка на бандата „Пинк Пантер“, Оливера Васиќ-Ќирковиќ избегала од грчкиот затвор Коридалос.
Таа издржува казна затвор со висок степен на сигурност поради помагање во грабеж на продавници за накит, заедно со другите членови на озлогласената банда „Пинк Пантер“.
Оливера избегала од затворот со помош на човекот кој на затворениците им делел храна. Тој извадил пиштол и ја онесвестил чуварката, од која Оливера ги земала клучевите и избегала.
Таа и останатие членови на бандата беа осудени во 2006 година поради пљачките на повеќе златарници на Крит.
Бандата „Пинк Пантер“ многумина ја препознаваат како банда од приказните. Тие имаат изведено повеќе од 150 кражби во целиот свет.