Чичкото на Никола Јокиќ меѓу уапсените за падот на настрешницата во Нови Сад

Од:

Синиша Јокиќ, чичко на познатиот српски кошаркар Никола Јокиќ, беше уапсен во акција на Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија поради сомневања поврзани со уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад. Апсењата се дел од голема истрага што е во тек, а како што објавува Nova.rs, полицијата веќе привела неколку лица.

Јокиќ е историчар и истакнат член на Српската напредна партија (СНС). Тој беше долгогодишен директор на Заводот за заштита на спомениците во Нови Сад, а од таа позиција поднесе оставка на 27 октомври 2024 година, само четири дена пред уривањето на настрешницата.

Тој ја извршуваше функцијата директор на Заводот од 2016 година, вклучувајќи го и периодот кога беше реконструирана железничката линија Нови Сад-Суботица. Моментално е вработен како кустос на Градскиот музеј на Нови Сад.

Според порталот „НСузиво“, Јокиќ бил еден од клучните луѓе во проектот за реставрација на фасадите на некои од најстарите згради во Нови Сад.

Во јавноста, неговото име често се поврзуваше со бројни проекти за зачувување на градот.

Досега се приведени поранешниот министер Томислав Момировиќ, неговата помошничка Анита Димоски, поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија Небојша Шурлан, инвестицискиот менаџер Слободанка Катаниќ, сопственикот на градежната компанија „Стартинг“ Никола Тривиќ, основачот на компанијата „Деко тим“ Ненад Игњатовиќ и неколку други.

По поранешниот министер Горан Весиќ е издадена потерница. Според достапните информации, тој е во болница по итна операција.

Би можело да ве интересира

Рекорд на Јокиќ за нова победа на Србија на Евробаскетот

А1он

Нови Сад: Повторно обид за блокада на судот, полицијата ја растера толпата од главниот влез

Започна блокадата на зградата на судот во Нови Сад, присутна е и полицијата: Граѓани и студенти на влезовите

30 дена притвор за петмина блокадери од Нови Сад

Вечерва протести во неколку градови во Србија, демолирани се простории на СНС во Нови Сад

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент во Нови Сад: Демонстрантите соборија човек на земја, го клоцаа и го удираа

Горан Наумовски