Четири проектили паднаа денеска во Турција во близина до границата со Сирија, при што две лица се ранети.
Еден од проектилите направил огромна дупка во празен минибус паркиран во селото Тавшанли близу Кобане.
Електронското издание на Хуриет пак, цитира турски адвокат кој вели дека во реонот на градот Суруч во турскиот пограничен округ Шанлурфа паднале четири проектили.