Четири мртви тела на имигранти пронајдени на бродот „Блу скај ем“

Од:

Четворица имигранти се пронајдени мртви на товарниот брод „Блу скај ем“, кој, според последните податоци, превезувал околу 900 лица.

Нивните тела се пренесени во болница во италијанскиот град Галиполи, каде претходно бил донесен и бродот од страна на италијанската воена морнарица и граничните патроли. Преживеаните имигранти биле сместени во објектите на општинските власти, каде започнал процес на нивна идентификација.

Според италијанскиот Црвен крст, повеќето од имигрантите на бродот се Сиријци.

Несреќата со бродот се случи вчера, неколку дена по инцидентот со фериботот „Норман Атлантик“, на кој избувна пожар во близина на грчкиот остров Крф, при што загинаа 13 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит