Чедомир Јовановиќ во тешка здравствена состојба

Од:

Лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ е во болница поради пневмонија на двете белодробни крила, додека тестот не покажал дека е позитивен на коронавирус.

Како што неофицијално потврдуваат извори блиски до Јовановиќ за B92, неговата здравствена состојба е тешка и комплицирана и тој има големи болки.

„Лекарите се сомневаат во белодробна емболија или воспаление на ‘рбетниот мозок“, наведува изворот, но напомнува дека досега не е утврдена причината за влошената состојба на Јовановиќ.

Друг проблем е високиот крвен притисок што лекарите се обидуваат да го намалат. Тој беше примен во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ во петокот затоа што му се слошило, а има проблеми и со цревата.

Јовановиќ беше задржан поради понатамошни прегледи со цел да се утврди дали проблемите се предизвикани од коронавирусот.

Тој е свесен, комуникативен, во стабилна состојба и не е приклучен на кислород.

Чедомир Јовановиќ беше заразен од коронавирус во јули, минатата година. Тогаш имаше тешко воспаление на белите дробови, поради што беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Белград.

Би можело да ве интересира

Покренато обвинение против Чедомир Јовановиќ

А1он

Чедомир Јовановиќ наводно пак учествувал во тепачка, вели дека не се сеќава

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Јовановиќ вика кон полицајците: Изгасете ги светлата бре, да ви ја е*ам мајката!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чедомир Јовановиќ: Се шокираа кога ми направија рендген преглед на белите дробови

А1он

Испитувањата открија од што боледува Чедомир Јовановиќ

Жарко Настоски

Сопругата на Чедомир Јовановиќ: Лошо е, прима морфиум, се гуши и има ужасни болки

Ана Ололовска