Српскиот политичар Чедомир Јовановиќ повторно е во примен во ковид-центар во Белград, јавуваат српските медиуми.
Јовановиќ попладнето бил примен во Клиничко-болничкиот центар „Д-р Драгиша Мишовиќ“, откако му се слошило, а имал и болки во градниот кош и во стомакот.
Политичарот, кој во јули лани беше позитивен на коронавирусот и помина неколку недели во болница со тешко воспаление на белите дробови, сега бил сместен на одделението за хирургија, пишуваат медиумите.
Направена е рендгенска снимка, која покажува дека овој пат нема пневмонија, а дополнителните тестови треба да утврдат дали влошената состојба на Јовановиќ има врска со прележаната болест.