Чедомир Јовановиќ наводно пак учествувал во тепачка, вели дека не се сеќава

Од:

Лидерот на партијата ЛДП и долгогодишен српски политичар, Чедомир Јовановиќ, вчера бил учесник во физичка пресметка во Белград, пишува во пријава поднесена во белградската полиција.

Според пријавата, 53-годишен жител на српскиот главен град, Владимир С., сосед на Јовановиќ, пријавил дека вчера во гаражата од нивната зграда на белградскиот булевар „Зоран Ѓинѓиќ“ бил нападнат од Јовановиќ, откако двајцата влегле во расправија за место за паркинг.

Според пријавата, Јовановиќ наводно го оттурнал Владимир С., кој паднал на земја, a соседот на Јовановиќ ја повикал полицијата, која пак го повикала Јовановиќ да даде исказ околу неговата верзија на настанот.

Политичарот изјави оти не се сеќава дека таков инцидент се случил и не знае за што станува збор, како и дека е на пат кон полициската станица, каде оди да се распраша за случајот.

Јовановиќ беше вмешан во инцидент и минатиот месец, кога со цигла скрши излог од сендвичарница во Белград и беше приведен во полициска станица, по што беше снимен како ги навредува полицајците кои дојдоа да интервенираат.

Тој тогаш тврдеше дека го нападнале членови на навивачката група „Хиени“, поради спорот што Јовановиќ го имал со нивниот водач Велибор Дуњиќ, кој беше убиен во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени