Според некои белградски медиуми, неофицијално, состојбата на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се влошила и тој бил пренесен во друга болница.
Јовановиќ беше примен во болницата пред неколку дена поради пневмонија.
Според денешните пишувања во медиумите, неговата состојба се влошила и тој се наоѓа во делот на болницата каде што престојуваат пациенти приклучени на кислород.
Тој, наводно, бил пренесен од КБЦ „Бежаниска коса“ на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар на Србија, а неговата здравствена состојба е лоша.
Како што претходно објави Б92, Јовановиќ бил во контакт со лице кое било заразено со коронавирусот, а веднаш штом ги почувствувал симптомите на болеста, се пријавил во болница и направил тест за коронавирус. Резултатите не се објавени.