Чавушоглу: Сега е шансата за решавање на кипарското прашање

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека „прозорецот на можностите за решавање на кипарското прашање нема да биде засекогаш отворен“.

Чавушоглу во Анкара се сретна со специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Еспен Барт Ајде, кој по средбата изјави дека се уште е оптимист за можностите за изнаоѓање на решение на долготрајниот кипарски проблем.

– Но, решение не може да биде најдено доколку преговорите не продолжат, додаде Ајде.

Денешната средба уследи откако Кипар најави замрзнување на преговорите, поради плановите на Анкара за потрага по наоѓалишта на нафта и гас крај јужниот брег од кипарскиот остров.

Турскиот министер посочи дека кипарските Грци исто така започнале со сондажи во Средоземното Море и тоа во време кога преговорите беа во тек.

– Кипарските Турци исто така имаат право на природните ресурси во источниот Медитеран. Ние, исто така, не го прифаќаме едностраниот приод на администрацијата на кипарските Грци, додаде Чавушоглу, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи со својот „конструктивен пристап кон проблемот“.

Според него, тоа треба да го сторат и Грција и кипарските Грци, со тоа што ќе се вклучат во процесот на преговорите под покровителство на ОН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски