Чавушоглу: Сакаме да ги продолжиме преговорите со Грција

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска и официјално и понуди на Грција продолжување на преговорите за спорот околу истражувањето гас во Средоземното море, како и други проблеми меѓу двете земји.

Чавушоглу изјави дека Атина претходно навести можност за продолжување на преговорите денеска, но дека ништо не се случило и дека Грција нема оправдување дека не може да ги продолжи разговорите.

Турција и Грција досега одржаа 60 рунди разговори до 2016 година, кога разговорите беа прекинати.

Грција и Турција се во расправија околу морските граници и правото на потенцијални извори на нафта и гас во Источен Медитеран.

Тензиите се продлабочија во август, кога Анкара го испрати бродот „Оруч Реис“ во водите што Атина ги смета за свои.

Би можело да ве интересира

Анадолија: Грција префрла оклопни возила на демилитаризираните острови во Егејското Море

Ергоган повторно и се закани на Грција: Ако го загубиме трпението, се може да се случи

Демарш од Атина до Анкара за нелегален риболов на турски чамци во грчките територијални води

Флорос: Секој што ќе стапне на грчка територија, прво ќе го запалиме, а потоа ќе одиме да видиме кој е

А1он

Фронтекс испраќа засилување на грчко-турската граница

ВИДЕО: Грчката војска спречи влез од Турција на речиси 10 илјади бегалци и мигранти