Чавушоглу ќе разговара за Источниот Медитеран и Кипар со лидерот на кипарските Турци

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Никозија ќе разговара со лидерот на кипарските Турци и други официјални претставници на Турската Република Северен Кипар, што е призната само од Анкара.

Чавушоглу денеска ќе разговара со претседателот на т.н. ТРСК, Ерсин Татар, за кипарското прашање и темата за Источниот Медитеран.

Чавушоглу пристигна во Никозија во саботата, каде што на аеродромот го пречекаа министрите за внатрешни работи и за надворешни работи на кипарските Турци, Зија Озтурклер и Тахсин Ертугрулоглу.

„Ние ќе продолжиме да ја браниме нашата национална кауза. Ние сме во ТРСК за да ги браниме правата и на Турција и на кипарските Турци“, напиша турскиот министер во објавата на социјалните мрежи по повод посетата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски