Чавашоглу: Потребна е координација за да се победи ИД во Сирија

Од:

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави дека е потребна координација за да се победи Исламската држава во Сирија.

Во вчерашното обраќање во Вашингтон на состанокот со претставниците од Коалицијата во борба против ИД, во која учествуваат 79 држави, Чавушоглу порача дека елиминирањето на терористичката група ИД и повлекувањето на американските сили од тој регион би требало да се спроведат координирано.

Тој ги повика другите земји да ги направат потребните напори за да го спречат повторното оживување на терористичката организација ИД.

– Многу е важно да се избегне вакуум на моќта, кој терористите би можеле да го искористат за да го поткопаат територијалниот интегритет на Сирија и националната безбедност на соседите, рече Чавушоглу.

Тој истакна дека ИД е поразена во Ирак, напоменувајќи дека ќе ја доживее истата судбина во Сирија.

– Сега е важно да се спречи повторното оживување на ИД и да помогнеме во стабилизирањето на овие земји. Треба ефикасно да се разгледаат причините за настанувањето на ова чудовиште и да се избегне повторување на грешките од минатото, рече турскиот министер за надворешни работи.

Турскиот министер за надворешни работи истакна дека напорите за обнова на Ирак и, како што рече, „враќањето на ирачкиот идентитет во инклузивен политички систем” се многу важни за стабилизацијата на целата земја.

– Ставајќи ги своите војници во ризик во борбата против тероризмот во Сирија и олеснувајќи го враќањето на стотици илјади бегалци во ослободените области, Турција е подготвена да стори сé што е во нејзина моќ за да помогне во стабилизирањето на Ирак и Сирија, наведе Чавушоглу.

Би можело да ве интересира

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски