Чанак очекува Дачиќ да биде сменет од министерската функција

Од:

Лидерот на Лигата на социјалдемократите во Војводина, Ненад Чанак очекува српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ да биде сменет од функцијата, бидејќи „со тешките навреди на адреса на соседни држави повторно го вовлекува целиот реон во состојба на воена психоза“.

Тој истакна дека Дачиќ не може да продолжи да ја извршува функцијата шеф на дипломатијата, бидејќи, според Чанак, „ниту еден пристоен човек во светот не сака повеќе да разговара со него“.

– Ивица Дачиќ денеска, освен што се наоѓа на слобода поради недостиг на докази или на политичка волја да му се суди, тој претставува и заштитник на интересите на една странска држава. И веројатно во нејзино име, бидејќи тоа не е во интерес на Србија, повторно и прави проблеми на нашата земја со речиси сите соседи, нагласи Чанак.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ