Царуха ја презеде функцијата грчки заменик министер за Македонија и Тракија

Од:

Грчката заменичка министерка за Македонија и Тракија Марија Колиас Царуха денеска ја презеде фунцкијата од досегашниот министер Јоргос Орфанос, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчкото досегашно министерство за Македонија и Тракија, во новата влада на Алексис Ципрас е дел од мега Министерството за внатрешни работи и административна реформа во кое се споени уште три минстерства, и затоа нема министер, туку ресорен заменик министер.

За време на церемонијата за примопредавање на функцијата, Орфанос не пропушти да изрази незадоволство од новата реорганизација на министерствата и истакна дека „министерството има своја улога и оти оние кои размислуваат за министерство без министер, грешат“.

Царуха, пак истакна дека и е јасно оти назначувањето заменик министер за Македонија и Тракија за некои е деградирање на овие региони во северна Грција.

– Да бидеме реални, со време ќе се види каква е вистинската сила на Македонија и Тракија, не само во однос на улогата што треба да ја игра туку и историски. Политиката на новата Влада ја одредува новиот премиер, а не разни лични стратегии. Експлоатација на името и историјата на Македонија нема да постои. Оние кои сакаат да бидат наши вистиснки пријатели, ние ќе го почитуваме тоа пријателство, изјави Колиас што во Грција се толкува како порака кон нашата земја.

Новата грчка заменичка министерка за Македонија и Тракија е една од најгласните кога се работи за радикалниот став на нејзината партија Независни Грци, сега коалициски партнер во грчката Влада, за прашањето за името на Македонија.

Минатата година таа неколку парти од собраниската говорница ја изрази „големата загриженост“ на нејзината партија за „флексибилноста“ на владата на Самарас во однос на името на Македонија.

– Се чини дека Грција значително го губи она што беше градено толку многу години, дури и со ветото на Костас Караманлис во НАТО. Министерот за надворешни работи предложи заемно прифатливо сложено име со географска одредница пред зборот Македонија. Му го дадовте на Скопје официјалното име Македонија? Грчките фиксни позиции се дека нашата земја нема да признае име на Скопје кое го содржи зборот Македонија и негови деривати, и тоа треба да се применува, рече Колиас Царуха за време на дебатата за гласање недоверба на владата на Самарас пред три месеци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит