Царинската Управа на Србија соопшти дека добила известување за пратка со замрзнато месо од 1982 година што пристигнала во пристаништето Бар во Црна Гора и оти се преземени мерки да не стигне на пазарите во државата.
Се претпоставува дека станува збор за смрзнати свински полутки со одамна поминат рок, објави „Вечерње новости“.
На сите царинарници им е наложено да преземат мерки на засилена контрола со посебен акцент на граничните и пограничните премини кон БиХ, Косово, како и кон Црна Гора и Македонија.
Засега не се дадени детали за нарачателот на таа пратка, но се работи за количество од околу 600 тони, наведува весникот.