Откритијата во Рајските документи се морален скандал, рече грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос за време на синоќешната дебата во Парламентот за нацрт-законот за игри на среќа.
– Тоа е морален скандал за богатите да бидат изземени законски, рече тој и ги обвини претходните грчки влади дека не направиле ништо за да се справат со даночното затајување.