Цакалотос: Кредиторите согласни да расправаат за преструктурирањето на грчкиот долг

Од:

Меѓународните кредитори се согласни да почнат расправа за преструктурирањето на грчкиот државен долг по првата проценка на примената на програмата за реформи од страна на официјална Атина, изјави денеска грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос, цитиран од ТАСС.

Тој на ова атема зборуваше на заедничката седница на четири парламентарни комисии, на која се разгледуваше предлог законт за реформи и мерките за штедење кои имаат за цел земјата да постигне спогодба со меѓународните кредитори.

-Имаме договор дека по првата проценка на институциите ќе почне дискусија за државниот долг, која ќе вклучува и гратис период и продолжување на роковите за згаснување, како и натамошно преструктурирање на долгот (по 2022 година), рече Цакалотос.

Според него, Владата на премиерот Алексис Ципрас успеала да добие многу повеќе ветувања за обврските на партнерите во сферата на преструктурирањето на грчкиот долг, отколку претходната Влада.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица