Цакалотос: Грција и кредиторите се многу блиску до договор

Од:

Грција и меѓународните кредитори се „многу блиску“ до постигнување на договор, изјави денеска грчкиот заменик министер за меѓународни економски работи Еуклид Цакалотос, на ден пред клучниот состанок во Брисел.

– По неколкунеделни тешки преговори, ако другата страна биде подготвена, ќе биде очигледно дека договорот е многу блиску и дека ќе биде постигнат во следниот период, изјави Цакалотос за грчкиот весник „Авги“.

Цакалотос, кој е еден од главните грчки преговарачи, истакна дека Атина и нејзините доверители политички се разликуваат во однос на прашањата за пензиите и трудот, како и дека некои прашња ќе останат отворени до последна минута.

На состанокот на министрите за финансии од еврозоната во понеделник, Грција очекува позитивен резултат од преговорите што ќе овозможи да биде исплатена последната транша од кредитот во вредност од 7,2 милијарди евра.

Европските претставници, сепак, ја намалуваат веројатноста дека утре може да биде постигнат договор. – Ние остваривме напредок, но не сме блиску до договор, изјави претседателот на Еврогрупата Јерун Дајселблум за италијанскиот весник „Коријере дела Сера“. Според него договорот сигурно нема да биде постигнат на утрешниот состанок на Еврогрупата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит