Бушати: Албанија е чекор подалеку од Грција

Од:

Првпат официјална Тирана призна дека по настаните во селото Буларат, односите со соседна Грција не се на истото ниво како претходно, што се очекува да влијае врз понатамошните разговори што се водат меѓу двете земјиа за повеќе прашања.

Гостувајќи во телевизиска емисија, албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, изјави дека по настаните во Буларат, каде албанската полиција при престрелка уби етнички Грк, Албанија „се наоѓа чекор подалеку од Грција, а со самото тоа и подалеку од постигнување договор“.

– Се наоѓаме чекор подалеку. Агресивната клима во грчката јавност или некој вид труење во овој важен процес влијае на разговорите меѓу Грција и Албанија. Тоа подразбира дека сега сме подалеку од финализирање на разговорите околу повеќе отворени прашања меѓу двете земји, изјави Бушати.

Тој претходно оцени дека разочарувачки е молкот на официјална Атина и грчката јавност во врска со „чинот на пукање врз албанската полиција“

– Грчката Влада даде умерена изјава. Очекуваме уште појасен став и дистацирање од иредентистичките повици, посочи Бушати.

Албанско-грчките односи се заладија по убиството на Констандинос Коцифас (35), албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство, во престрелка со албанската полиција на 28 минатиот месец.

Но, односите станаа посебно тензични ден по погребот на Коцифас, кога албанските власти за „персона нон грата“ прогласија 52 грчки државјани, поради нивната „неприфатлива, навредлива и опасна“ активност. На овие лица, меѓу кои и кипарската европратеничка Елени Теохару, им е забранет влез во Албанија во период од пет години.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот