Во главниот центар за притвор на илегални имигранти во Грција, недалеку од Атина, почна бунт во кој се повредени најмалку 10 полицајци.
Имигрантите фрлале со камења врз стражарите и запалиле простории во кои се сместени во центарот. Итно се испратени припадници на полицијата за разбивање демонстрации.
– Десет полицајци се повредени. Притворениците запалиле душеци и простории во кои живеат стражарите. Испратени се полициски сили за разбивање демонстрации и ситуацијата се смирува, изјави полициски портпарол.
Телевизиите во Атина објавија инсерти на кои се гледа како гори во центарот Амигдалез каде под полициска стража се околу 1.200 имигранти, воглавно од азиски држави.