Бугарскиот претседател го свика Консултативниот совет за национална безбедност заради тензиите со Русија

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради закани за националната безбедност и состојбата на вооружените сили.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на Советот ќе присуствуваат парламентарните партии и клучни владини претставници, а темата се ризиците и заканите по националната безбедност на Бугарија и состојбата на вооружените сили, како и неопходните мерки.

Предвидено е да има посебен извештај на началникот на бугарската армија, адмирал Емил Ефтимов.

Бугарските медиуми потсетуваат дека Консултативниот совет за национална безбедност се одржува по изјавата на министерот за одбрана, Стефан Јанев, дека акумулацијата на руски војници на границата со Украина ја загрозува бугарската национална безбедност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарија: Коридорот 8 е наш национален приоритет

Мицкоски за односите со Бугарија: За танго се потребни двајца

Горан Наумовски

Рокас: Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија

Горан Наумовски

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било