Бугарскиот патријарх и митрополит софиски Неофит е итно задржан по инцидентот што му се случил вчера во болницата „Софијамед“, јави дописникот на МИА од Софија.
Од прегледите е констатирана скршеница на горниот дел од левата бутна коска.
Поглаварот на Бугарската православна црква е сместен на Клиниката за ортопедија и трауматологија на здравствената установа, каде што ќе му биде извршена дополнителна интервенција.
Бугарскиот патријарх е во стабилна состојба.
Извор: МИА