Бугарскиот парламент изгласа нова технократска влада

Од:

Бугарскиот парламент изгласа денеска нова технократска влада предводена од социјалистите, со што е разрешена политичката криза, која настана по неодамна одржаните избори.

Новата Влада, што ја поддржуваат социјалистите и нивните сојузници од партијата на етничките Турци, ја предводи Пламен Орешарски (53), поранешен министер за финансии. Тој беше избран за премиер откако партијата ГЕРБ, која ја загуби властта во февруари не успеа да обезбеди поддршка од останатите партии за да формира влада. На изборите на 12 мај ГЕРБ освои најмногугласови, но не доволно за самостојно да формира влада.

Со 217 гласови „за“ и 120 „против“ изгласан е Орешарски за премиер. Додека за новиот состав на Владата гласаа 214 пратеници, а 119 се изјасниле „против“. Новата бугарска Влада положи заклетва.

Орешарски најави дека тој и неговите колеги „ќе направат се што е можно за интересите на народот“ .

Тој вети и дека неговата работа ќе биде транспаранетна и отворена за медиумите. За министер за правда и вицепремиер избрана е Зинаида Златанова, министер за финансии Петар Чобанов, за надворешни работи Кристијан Вигенин, за одбрана Цветлин Јовчев и за министер за внатрешни работи избран е Ангел Најденов.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени