Бугарскиот Парламент го отфрли гласањето недоверба на Владата

Од:

Со 72 гласови „за“, 136 „против“ и двајца „воздржани“, бугарскиот Парламент го отфрли гласањето недоверба кон Кабинетот, поднесен од левицата и ДПС поради неуспех во политиката во областа на внатрешните работи и правосудството, јави БТА.

Владата ја поддржаа пратениците од ГЕРБ и независните пратеници. За недоверба на Владата гласаа подносителите на иницијативата од Коалицијата за Бугарија и ДПС е еден независен пратеник. Сините и „Атака“ не учествуваат во гласањето, додека двајца независни пратеници беа воздржани.

Претседателот на пратеничката група на ГЕРБ Красимир Велчев, образложувајќи го гласањето против, изјави дека кога некој бара смена на политиката на власта, треба да предлага и алтернатива.

Би можело да ве интересира

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски