Бугарскиот Парламент со 216 гласови „за“ и еден „против“ ја изгласа одлуката со која во наредните шест месеци се оневозможува зголемување на платите на парламентарците и бирократите во 27 државни институции на земјата.
Претседателот на Парламентот на Бугарија Михаил Миков изјави дека станува збор за мерки за солидарност со сиромашните граѓани и мерките за борба против економската криза во земјата.
Платите на пратениците на бугарскиот Парламент, како и другите високи претставници на земјата, се зголемуваат на секои три месеци во согласност со инфлацијата во земјата, што не ретко беше причина за негодување на граѓаните на Бугарија.