Црвениот крст на Бугарија за помош за настраданите од поплавите во земјата преку донации досега собра 214.800 лева (109.800 евра), јави БТА.
Според податоците на Црвениот крст, објавени денеска, од донации преку интерент се обезбедени 27.352 лева, а преку СМС пораки 42.694 лева.
Во градовите Варна и Добрич, кои беа зафатени од минатонеделните поплави, продолжуваат да работат пунктови за донации, каде граѓаните може да оставаат помош за настраданите.
Досега Црвениот крст во Варна поделил 15.000 сендвичи и над 40.000 литри вода. Од денеска во населбата Аспарухово, која беше најтешко погодена од поплавите, беше отворена полска кујна, во која ке се служи храна за настраданите и волонтерите.
Настраданите сега имаат најголема потреба од вода за пиење, облека, ќебиња, конзервирана храна, средства за лична хигиена и за дезинфекција, гумени чизми и ракавици, алат за чистење и пелени за еднократна употреба.