„Бугарски пошти“ станаа предмет на многу сериозен хакерски напад

Од:

Информациските системи на „Бугарски пошти“ станаа предмет на сериозен кибер напад на 16 април 2022 година, објави на својата веб-страница Националната поштенска служба на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, нападот нема да ја спречи исплата на пензии, социјални надоместоци и еднократни бонуси за Велигден преку експозитурите на Поштата во земјата. Пратките и писмата за внатрешноста на Бугарија без претплата ќе бидат предадени на нивните примачи. Сепак, како резултат на кибер нападот, може да има потешкотии во користењето само на дел од услугите на Бугарски пошти.

Кибер нападот е откриен брзо и веднаш и преземени се мерки со кои се обезбедува пристап до државната облак инфраструктура на земјата за пренос на целиот систем на Бугарска пошта. И покрај преземените мерки во градовите Пловдив и Русе, десетици пензионери не успеаја навреме да ги добијат пензиите и надоместоците. На некои места во Софија до доцна попладнето имаше редици пред поштите, а дел од пензионерите не можеа да си ги платат сметките за струја и парно. Хакерскиот напад ги погоди оние пензионери кои ги добиваат парите физички, на рака. Останатите кои ги добиваат парите со банкарска картичка ги добиле навреме.

Бугарската вицепремиерка Калина Константинова, задолжена за државна администрација, објасни дека исплатата на велигденските бонуси за сите е загарантирана. Според неа, сепак, во последните 10 години кибер-безбедноста на бугарските пошти е систематски занемарена. Екипите на надлежните институции работат на анализа на обидот за напад на мрежата на „Бугарски пошти“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?