Бугарски митрополит ги нападна дипломираните на Запад

Од:

Пловдивскиот митрополит Николај, на крајот од литургијата за Денот на обединувањето, остро ги нападна дипломираните во странство, кои по враќањето од студирање во странство се однесувале со презир кон народот во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Во знак на несогласување, демонстративно си заминаа кандидатите за пратеници од „Продолжуваме со промената“ на поранешниот премиер Кирил Петков, кој присуствуваше на литургијата.

Според Николај, оние кои дипломирале во странство се враќаат во Бугарија и излегува дека, покрај знаењето, усвоиле и презир кон татковината, непочитување на родителите, екстремен индивидуализам, материјализам, себичност и згора на тоа, тие се подготвени на сила да го наметнат она што го научиле, со методите на инквизиција. Дипломирани студенти на престижни универзитети на Запад зборувале за политика, но во пракса, според митрополитот на Пловдив, тие се однесувале како религиозни фанатици, исповедајќи некоја религија на омраза.

По овие зборови кандидатите за пратеници на „Продолжуваме со промената“ ја напуштија црквата Света Богородица во Пловдив и во неа остана само Никола Минчев. Говорот на Николај предизвика бран на огорченост на социјалните мрежи во Бугарија и осуда на ставот на бугарскиот митрополит против оние кои го следеа и го завршија своето високо образование на Запад.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски