Бугарски европратеник негира македонско малцинство во Бугарија

Од:

„Не, не, не, се разбира дека нема, колку пати сакате тоа да ви го кажам. Во Бугарија нема македонско малцинство, одговара бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

На прашањето од Канал5 телевизија, дали и Бугарија заедно со Грција ќе се труди да ја минира евроатланската интеграција на Македонија, Ковачев одговори дека Македонија ја очекува лош извештај, тој е лут од, како што вели, диксриминаторската политика што Македонија ја води кон оние кои се декларираат како Бугари.

„Јас не сакам Македонија да има негативен извештај од Европскиот парламент, но кога има дискриминација кон Македонците кои се искажуваат како етнички Бугари тоа не можеме да го замолчиме. Јас неколку пати кажав за да ги надминеме раните од минатото, дека е потребна европската интеграција. Но, европскиот сојуз се темели на правила, а едно од тие е недискирминација кон луѓето кои го искажуваат својот идентитет“, одговори Ковачев.

Европратеникот вели Бугарија сака да ја види Македонија во ЕУ, но претходно мора да ги расчистат исторските разлики меѓу Македонија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски