Бугарската влада поднесе оставка во Националното собрание

Од:

Владата на премиерот Кирил Петков поднесе оставка до 47. Народно собрание на Бугарија, јави БНТ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, 99. бугарска влада остана на власт нешто повеќе од шест месеци, а минатата недела беше соборена со гласање недоверба со 124 гласа од ГЕРБ, Движењето за права и слободи, Преродба и Има таков народ.

Администрацијата на претседателот на Бугарија Румен Радев соопшти дека тој денеска ќе започне консултации со претставниците на пратеничките групи на 47. Народно собрание за врачување на мандатот за формирање нова влада во рамките на актуелниот парламент.

Румен Радев денеска ќе ги прими претставниците на пратеничката група на „Продолжуваме со промената“, потоа ГЕРБ-СДС, а на крајот на денот претставниците на Движењето за права и слободи и на Бугарската социјалистичка партија.

Румен Радев утре ќе ги продолжи консултациите со останатите политички сили во бугарскиот парламент „Има таков народ“, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“. Дури по консултациите претседателот на Бугарија ќе и го врачи првиот мандат на најголемата партија во Народното собрание, која за една недела мора да каже дали за неа има мнозинство и министри.

Потоа доаѓа втората по големина коалиција ГЕРБ-СДС, која најави дека веднаш ќе ја врати, по што претседателот Румен Радев треба да избере која партија или коалиција ќе го даде третиот мандат за формирање влада од останатите партии и коалиции во бугарскиот парламент.

Во случај ниту еден од трите обиди да не успее, претседателот на Бугарија е должен да потпише два уредба, едниот за распуштање на Народното собрание и нови предвремени парламентарни избори и другиот за назначување преодна влада што ќе ги спроведе.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени