Владата на бугарскиот премиер Пламен Орешарски денеска го преживеа гласањето на доверба во Парламентот.
Доверба на Владата и дадоа 111 пратеници на Бугарската социјалистичка партија и Движењето за права и слободи, против гласале 86 пратеници на десничарската опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), а 20 пратеници од партијата Атака биле воздржани.
Предлогот за гласање доверба на владата го поднесе партијата ГЕРБ поради наводно лошото изведување на инвестициското планирање.