Бугарската социјалистичка партија побара од претседателот Румен Радев да стави вето на воената помош што Бугарија и ја дава на Украина

Од:

Пратеничката група на Бугарската социјалистичка партија испрати писмо до претседателот Румен Радев во кое бара да стави вето на законот за ратификација на договорот за обезбедување оружје на Украина, објави нејзиниот прес центар.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Народното собрание вчера конечно во второ читање го усвои предлог-законот за Договорот меѓу министерствата на Бугарија и Украина за обезбедување на вооружување, опрема и муниција. По гласањето со повеќе од 160 гласови од вкупно 240, претседателката на БСП Корнелија Нинова го повика бугарскиот претседател Румен Радев да стави вето на законот.

Таа истакна дека она што го изгласа парламентот ги намалува овластувањата на Народното собрание и е во спротивност со бугарскиот устав, бидејќи министерот за одбрана Димитар Стојанов потпиша договор дека анексите кон него не се предмет на ратификација од парламентот.

БСП бара од Румен Радев да стави вето бидејќи потсетуваат на неговите јавни изјави дека бил против вмешаноста на Бугарија во војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски