Бугарската Црква ги отвора вратите за бездомниците

Од:

По наредба на митрополитот на Варна Кирил Ковачев, во текот на студените месеци кога температурите паѓаат длабоко под нулата, сите храмови во градовите и селата на митрополијата ќе мора деноноќно да бидат отворени за бездомниците и скитниците да се засолнат од временските непогоди.

Црквата на сите нив ќе обезбеди топол оброк и по потреба облека.

Слична пракса сега воведува и митрополијата Сливен.

Во градот Русе на Дунав, локалната митрополија отвори „топол дом“ за бездомниците со капацитет од 75 лица, а ќе биде обезбедена и лекарска помош. Објектот е финансиран од католичката хуманитарна организација „Каритас“.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски