Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално блиска до Москва. Војната ги влоши политичките превирања што ја потресоа балканската земја, најсиромашната членка на ЕУ, во последниве години.
Во 2020 година, Бугарите излегоа на улиците на најголемите протести од падот на комунизмот со желба да го соборат долгогодишниот премиер Бојко Борисов поради распространетата корупција. Со надеж дека ова ќе биде првиот чекор кон расчистување на јавната сцена, демонстрантите ја поттикнаа изборната спирала.
Во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, но во меѓувреме многумина ги напушти оптимизмот.
„Го уриваме рекордот по број на избори“, вели аналитичарот Даниел Смилов од Центарот за либерални стратегии.
Истражувањата на јавното мислење пред изборите покажуваат дека излезноста може да биде мала, а многу гласачи во Софија не го криеја својот гнев и разочарување.