Бугарите на референдум изгласаа „ДА“ за нуклеарна централа

Од:

Мнозинството Бугари на денешниот референдум се изјаснија за изградба на нова нуклеарна централа, покажуваат резултатите од анкетата на избирачките места.

Но, одзивот на граѓаните беше мал – од 19,5 до 20,3 отсто од граѓаните со право на глас, што значи дека резултатот од референдумот нема да биде обврзувачки. За да беше важечки требаа да учествуваат најмалку 60 проценти од гласачите.

Референдумот беше распишан на иницијатива на опозициската Социјалистичка партија за да се принуди Владата да ја промени одлуката – да се откаже од договорот со Русија за изградба на втора нуклеарна електрана во државата.

Референдумот се однесуваше за заживување на проектот за нуклеарната централа Белене, на север во државата. Изградбата на Белене е во застој поради несогласување меѓу Бугарија и Русија во врска со конечната цена која ќе биде меѓу шест и 11 милијарди евра. За да пронајде нов инвеститор, премиерот Бојко Борисов раскина договор со руска фирма која бара надомест од 1,3 милијарди долари и се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз.

Би можело да ве интересира

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија