Бугарија в недела на референдум одлучува за изградба на нуклерана централа

Од:

Бугарија в недела на референдум ќе одлучи дали земјата има потреба од нова нуклеарна централа, а најновото истражување на јавното мислење покажува дека мнозинството граѓани ќе ја поддржат изградбата на втора по ред нуклеарна централа во земјата.

Референдумот се однесува на обновување на проектот врзан со нуклеарната централа Белене, во северниот дел на земјата.

Изградбата на втора нуклеарна централа е во застој поради недоразбирања меѓу Бугарија и Русија, чија компанија „Атомстројекспорт“ требаше да изгради нуклеарна централа со капацитет од 2.000 мегавати. Спорот се однесува на конечната цена на проектот, кој се очекува да изнесува меѓу шест и 11 милијарди евра.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, со цел да најде нов инвеститор, го раскина договорот со руската компанија, која за отштета од 1.3 милијарди долари се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз.

Се очекува мала излезност на референдумот, што може да го стави под прашање кредибилитетот на гласањето. Аналитичарите оценуваат дека гласањето ќе биде тест на популарноста меѓу владејачката ГЕРБ и опозицијата.

Најновите истражувања покажуваат дека меѓу 60 и 62 проценти од гласачите се за изградба на нуклеарна централа, наспроти 38 до 40 проценти кои се против идејата.

Доколку 20 проценит од граѓаните излезат на референдум и над половина од нив се изразат за изградба на нуклеарна централа, бугарскиот парламент ќе треба во рок од три месеци да го разгледа ова прашање.

Би можело да ве интересира

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија