Бугарската влада одобри помош од речиси 3,5 милиони лева (1,75 милиони евра) за довршување на поправката и обновата на источното крило на зографскиот манастир „Свети великомаченик Георги Зограф“ – Света Гора. Ова го соопшти в.д. министерот за култура Велислав Минеков на брифинг во Советот на министри.
Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
„Помошта е долгоочекувана, бидејќи по пожарот во источното крило се остана само на намерата. Конечно ќе се реши проблемот со негова реставрација и конзервација. Сакам да потсетам дека ова крило е изградено со средства на Хаџи Валчо од Банско и се вика Банско крило. „Паисиј Хилендарски, освен што работеше во својата озлогласена ќелија во Хилендар, својата приказна ја заврши токму во ова крило“, објасни министерот Минеков.
„Дополнително, ќе побарам средба со игуменот на манастирот, архимандрит Амвросиј, бидејќи тој се уште има голема желба за помош. Треба на некој начин да помогнеме за затоплувањето на манастирот, кое е на многу примитивно ниво, па дури и опасно, како и за патот до манастирот кој е во тешка состојба“, рече министерот Минеков.
Извор: МИА