Попова: Укинување на доживотната затворска казна

Од:

Потпретседателката на Бугарија Маргарита Попова побара укинување на доживотната затворска казна, со образложение дека оваа казна не може да да се трансформира во ниту една друга, пренесе Танјуг.

Попова, зборувајќи на меѓународната конференција „Амнестија и правосдуство“, истакна дека безусловната доживотна казна треба целосно да се укине од правосудниот систем.

Маргарита Попова укажа на непостоењето на смртната казна во Казнениот закон на Бугарија, па додаде дека се уште се употребува терминот „нечовечки мерки“. Т‘аа истакна дека ова „казна се смета за идентична со смртната казна“.

Пред да биде избрана за потпретседател на Бугарија Попова долго извршуваше должност во Министерството за правда, а во последните два состава на бугарската влада основа тим што работеше на укинувањето на доживотната казна.

-Нацрт измените на Казнениот закон се подготвени, но се уште не се прифатени од страна на Парламентот, рече Попова.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски