Бугарија испратила барање за продолжување на рокот на понудата за американските танкери со течен гас, изјави за БТВ Антон Кутев, портпарол на преодната влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, владата на Кирил Петков во последните денови пред заминувањето од власт успеала да преговара со американска компанија за снабдување на седум товарни цистерни со течен природен гас за секој месец од 1 октомври до крајот на април 2023 година на цена за најмалку 30 долари пониска од онаа на европските пазари. Антон Кутев коментира дека ниту кризата на енергенсите не може да се одложи, мора веднаш да се преземат мерки.
Тој потсети дека гасот се обезбедува до крајот на септември. Според него, до сега ниту една молекула гас од САД не поминала во Бугарија преку интерконекторот од Грција. Интерконекторот со Грција треба да профункционира од 1 октомври, рече и Кутев. Поранешниот премиер и копретседател на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков вчера коментираше дека официјалната влада на Бугарија мора да ги потврди 8-те американски танкери со течен гас до 19 август и додаде дека гасната врска со Грција се уште работи и има 40 милибари, што покажа дека има и гас, кој се уште се движел.
Извор: МИА