Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Од:

Бугарската партија Има Таков Народ (ИТН) денеска му го врати мандатот за формирање влада на претседателот Румен Радев, откако не успеа да формира стабилна коалиција. ИТН заврши на шестото место на изборите на 8 јуни, со само 16 пратеници во 240-члениот парламент.

– Сфативме дека немаме заеднички цели и затоа го враќаме мандатот, изјави лидерот на ИТН, Тошко Јорданов.

Радев сега мора да назначи привремен премиер и во наредните денови мора да распише нови избори, седми од 2021 година, кои мора да се одржат во следните два месеци.

„Спиралата на нерешени избори продолжува и тоа не само што создава иритација, туку и покренува низа деструктивни процеси“, рече бугарскиот претседател.

Бугарија е најсиромашната земја во Европската Унија и една од најкорумпираните. Нема стабилна влада од 2020 година, кога со антикорупциски протести беше соборена коалицијата предводена од ГЕРБ, партија на десниот центар.

Изборите во јуни беа распишани по распадот на коалицијата ГЕРБ, мнозинската владејачка партија во последните 15 години и партијата ПП. На тие избори ГЕРБ освои 68 пратеници, а ПП 39. И двете партии се проевропски и пропазарни, но склони кон внатрешни борби и лични ривалства.

На Бугарија и треба период на стабилна влада за да се забрза протокот на европските фондови. Софија сака да стане членка на еврозоната и шенген зоната. Планот за приклучување кон еврозоната веќе двапати беше одложен поради неуспехот на Софија да ја спречи инфлацијата.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки