Бугарија напролет ќе одржи предвремени избори откако партиите не успеаја да формираат влада

Од:

Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска му го врати мандатот за формирање влада на претседателот Румен Радев, откако не успеа да состави нова коалиција, отворајќи го патот за нови избори, петти во последните две години.

– Сфативме дека нема да можеме да ја добиеме потребната поддршка за формирање влада, рече претседателката на БСП, Корнелија Нинова.

По средбата Радев рече дека одлуката за датум за предвремените избори, ќе ја донесе во консултацијата со Централната изборна комисија (ЦИК). Тој денеска одржа средба со претставниците на ЦИК.

– Не можеше да се најде решение за излез од политичката криза. Затоа се движиме кон нови избори, изјави денеска бугарскиот претседател, осврнувајќи се на неуспешните напори на социјалистичките лидери да формираат коалиција.

Тој треба да најави распуштање на парламентот во наредните денови пред да се одржат изборите. Дел од партиските лидери побараа изборите да се одржат на 26 март, но ЦИК соопшти дека најран датум за одржување на изборите е 2 април, поради проблеми со доставата на хартија за апаратите за гласање.

Тоа ќе бидат петти избори од 2021 година за земјата, која минува низ политичка блокада без преседан од крајот на комунизмот во 1989 година. Аналитичарите се песимисти и предвидуваат сличен исход и на новите вонредни избори, без стабилно мнозинство со изгледи за нови избори наесен.

Поранешниот премиер Бојко Борисов, чија конзервативна партија ГЕРБ победи на изборите на 2 октомври, не успеа да најде сојузници за формирање влада. Потоа мандатот беше даден и на партиите кои беа на второ, односно трето место, според бројот на гласови, но и тие потфрлија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски