Бугарија ќе издржи 6 месеци ако Русија ја запре нафтата и ако се затвори Босфорот, тврди бугарскиот министер за финансии

Од:

Бугарската економија би можела да издржи шест месеци доколку Русија престане со испрака на нафта и Босфорот биде затворен, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев за време на парламентарната контрола.

Тој изрази уверување дека Европската комисија ќе и овозможи на Бугарија да добива руска нафта, а во исто време да бара начини за диверзификација на испораките на нафта.

– Бугарија може да издржи шест месеци ако се затвори Босфорот и престане да се увезува руска нафта.

Според Асен Василев, ова е најцрното сценарио, бидејќи значело дека нема да има каде да се влезе во брод за да се стигне до пристаништето Розенец, во близина на градот Бургас на Црното Море, што е главното нафтено пристаниште во Бугарија.

Во буџетот има бафери со кои може брзо да се одговори на ваквото сценарио во земјава. Според вицепремиерот Василев, бугарскиот национален интерес е да има отстапување од санкциите на ЕК за руската нафта од една страна и постепено да се диверзифицираат добавувачите на нафта. Според него, треба да се изградат автопат, железница и нафтоводи меѓу Александрополис (Грција) – Бургас (БГ) – Варна (БГ) – Констанца (Романија).

Асен Василев изјави дека Лукоил-Нефточим не може да се национализира, бидејќи легално не е руски и не е на забранетата листа.Бугарскиот вицепремиер рече дека Лукоил во неговата земја е швајцарски, а не руска сопственост, јави дописникот на МИА од Софија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски