Бугарија ја суспендира изградбата на Јужен поток

Од:

Бугарија ја прекина работата на проектот „Јужен поток“, соопшти денеска бугарскиот премиер Пламен Орешарски, по средбата со група американски сенатори.

– Примивме барање од Европската комисија по што наредив суспендирање на работите. Понатамошните активности ќе бидат познати по дополнителни консултации со Брисел, изјави Орешарски, пренесува ИТАР-ТАСС.

ЕУ во средата побара од Бугарија да ги прекине работите на Јужен поток. Претставничката на ЕК за енергетика Сабина Бергер наведе неколку правни причини за таквиот чекор, меѓу кои е барањето на ЕК за усогласување на билатералните владини договори за изградба на Јужен поток со нормите од Третиот енергетски пакет, пренесува Танјуг.

Освен тоа, Брисел се сомнева дека Бугарија ги прекршила европските права при распишување на тендери за градба на инфраструктурните проекти и давање привилегии на руски и бугарски компании.

Руското министерство за енергетика, денеска сопшти дека Русија се уште нема добиено никакво службено соопштение од Бугарија за прекин на работите на Јужен поток.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме