Бугарија исклучи еден нуклеарен реактор

Од:

Бугарија го исклучи едниот од двата реактори во нуклеарната централа Козлодуј, по проблем со генераторот.

„Шестиот реактор во Козлодуј е исклучен ова утро од националната електрична мрежа поради проблем со генераторот”, изјавија денес од фабриката.

Вториот реактор, од 1.000 мегавати електрична енергија, ќе продолжи да работи. Останатите четири реактори беа исклучени 2002. и 2006. години непосредно пред влезот на Бугарија во Европската унија од безбедносни причини.

Козлодуј произведува околу 30 проценти од електричната енергија во Бугарија, а Владата во март, склучи договор со руската државна компанија „Атомстројекспорт” за изградба на нова електрана од 2.000 мегавати.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски