Бугарија го затвори случајот со убиството со чадор на Георги Марков

Од:

Бугарското државно обвинителство одлучи да го затвори случајот со неславното убиство со чадор во Лондон, на некогашниот дисидент Георги Марков, откако изминаа 35 години од неговата смрт.

Бугарскиот публицист и новинар Марков, кој беше остар критичар на режимот на Тодор Живков, пребегна во Велика Британија и работеше во бугарската секција на Светскиот сервис на Би-Би-Си, се до својата смрт на 11 септември 1978 година.

Марков беше „случајно погоден“ со врвот на чадорот од еден непознат минувач, додека чекаше автобус, на лондонскиот мост Вотерло. Според исказите на неговата сопруга, уште истата вечер Марков се разболел, а по извесно време и умре, од, како што тогаш беше речено, непознати причини.

Британската истрага подоцна откри дека бугарскиот дисидент, всушност, бил убиен со вбризгување на отровот рицин, преку врвот на убиствениот чадор, во кој отровот бил сместен.

Ликвидацијата на Марков беше прикажана како дел од тогашната „студена војна“ меѓу Истокот и Западот, но случајот остана отворен, во надеж дека ќе се најдат вистинските виновнци-оние кои дадоа налог за убиството на бугарскиот дисидент и извршителот на атентатот.

Ниту по толку години, нема никакви нови сознанија за ова убиство, ниту во Бугарија, а ниту надвор од земјата, па обвинителството во Софија, го затвори случајот врз законска основа, затоа што според бугарските прописи тој застарува кога ќе помнат 35 години.

Британските власти водат своја истрага за убиството на Марков и тие нема да го затворат случајот, затоа што во Велика Британија нема законска рамка за застарување на еден криминален случај. Лондонската полиција и натаму ја држи отворена истрагата, но засега никој не е откриен и обвинет.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?