Бугарија дематира дека дозволува 0,5 мг/кг афлатоксин во млекото

Од:

Амбасадата на Бугарија во Белград демантираше денеска дека во Бугарија е дозволена концентрација на афлатоксин во млекото од 0,5 микрограми по килограм, како што изјави српскиот министер за земјоделие Горан Кнежевиќ.

Во соопштение се истакнува дека Бугарија строго се придржува и применува Регулативи на ЕУ.

– Во согласност со тие регулативи (од 2006 година), дозволената количина на алфатоксин во млекото на бугарскиот пазар е 0,05 микрограми по килограм млеко, се вели во соопштението до бугарската Амбасада во Белград.

Владата на Србија одлучи да промени правилник за дозволена концентрација на алфатоксин во млекото и горната граница од сегашните 0,05 мг/кг. ја зголеми на 0,5.

Министерот Кнежевиќ наведе дека две третини од државите во светот меѓу кои и Бугарија имаат прописи кои дозволуваат присуство до 0,5 мг/кг.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме