„Бугарија да ги почитува правата на малцинствата“

Од:

Комисијата за следење на обврските на земјите членки при Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) побара од Бугарија да ги почитува правата на сите малцинства, вклучувајќи ги и тие на непризнатото македонско малцинство.

ПССЕ побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, со оглед, како што стои во резолуцијата, дека таа не го признава постоењето на македонското малцинство.

Исто така од Бугарија се бара да ја потпише европската повелба за регионални и малцински јазици.ПССЕ смета дека Бугарија треба да напредне во давањето на правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства, во делот на промовирањето на мајчинот јазик, како и промовирањето на нивниот културен идентитет.

Парламентарното Собрание на Советот на Европа исто така бара од Бугарија систематски и безусловно да ги осудува говорите на омрази насочени против малцинствата, како и да ги зајакне мерките за меѓусебна трпеливост и взаемно почитување и истовремено да ги охрабри политичарите да имаат примерно однесување и да се зафати со решавањето на проблемите на ромското малцинство.

Во резолуцијата подготвена од италијанскиот парламентарец Лука Волонте и одобрена од Мониторинг комисијата на ПССЕ, се вели дека и покрај постигнатиот напредок Бугарија треба да напредува во повеќе клучни области, како независноста на правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и се надева дека таа ќе продолжи да напредува на демократски начин. За резолуцијата ПССЕ ќе треба да ја изгласа на јануарската сесија во Стразбур.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме