Претседателот на Надворешно-политичкиот одбор на Европскиот парламент Елмар Брок оцени дека Турција се повеќе се оддалечува од Европа.
Тој во интервју за виенскиот весник „Стандард“ нагласи дека поради односот кон новинарите и опозицијата ЕУ сега нема да биде во состојба да отвара нови поглавја во преговарачкиот процес.
– Станува се потешко, особено кога основните права и слободи ја изразување не се почитуваат. Мораме да согледале на кој начин Турција да ја вратиме на вистинскиот пат, бидејќи се движи во погрешна насока, истакна Брок.